Утрински Весник
Македонија

Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар, соопшти ЦУК

800px vardar nogaevci macedonia.jpg

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско, соопшти ЦУК.

Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот, односно сестра на 16-годишното девојче, која, како што информираат од управата во видно вознемирена состојба, побарала итна помош.


Набргу потоа, се јавил и доктор од ИМП Велес, кој ја потврдил информацијата и побарал ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.

„По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш ги извести надлежните институции – СИКС при МВР, Оперативниот центар на Генералштабот и Дирекцијата за заштита и спасување – со барање за итно ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.
Според последните информации од терен, на локацијата е присутна екипа на МВР со чамец, а 26-годишната жена е пронајдена жива.

Потрагата по 16-годишното девојче продолжува“, соопшти ЦУК.

Можете да прочитате

МВР поднесе кривична пријава против екс министерот Спасовски

За девет дена 6151 сообраќајни прекршоци, уапсени 44 возачи

Mигранти во Македонија нема да има, велат од ВМРО-ДПМНЕ