Утрински Весник
Македонија

Документарни филмови од Турција, Узбекистан, Авганистан и Босна и Херцеговина на ИЕФФ во Битола

20250723080836 big 730x400 92.webp.webp

Интернационалниот етнографски филмски фестивал „Илинденски денови“ продолжува со проекција на четири документарни филмови од Турција, Узбекистан, Авганистан и Босна и Херцеговина.

Претпладне во кино салата на НУ Центар за култура ќе бидат емитувани филмовите „Половина од мојот живот“ на Адем Гилиз и Јилмаз Демир од Турција кои подготвија филмска приказна за изработката на плетени кошници, како и аргентинско-узбекистанскиот филм „Чекајќи го морето“ кој го подготвија Лукас Пенафорт и Фернандо Гонзалес, посветен на првото пристаниште во светот кое пресушило од човечка рака.


Во вечерната програма, во киното „Манаки“ во Битола, ќе бидат емитувани авганистанскиот филм „Дера“, подготвен од Омид Ахмад Адрак, посветен на сиромашно семејство од Авганистан, додека документарниот филм „Последниот теферич во Чевљновиќи“ е снимен во Босна и Херцеговина и авторот Недим Лончаревиќ е фокусиран на битката на бикови.

Синоќа на Интернационалниот етнографски филмски фестивал во Битола, премиерно беше емитуван документарниот филм „Стоте колони на Скопје“  чиј автор е холандскиот режисер Антонио Паолети.

Можете да прочитате

Јаневска: Учебниците што им недостигаат училиштата ќе може да ги најдат во ПДФ-формати на веб-страницата на Педагошката служба

Агенцијата за супервизија на осигурување троши 7,5 милиони денари за возила на лизинг што не се во нејзина сопственост

Николовски: Трубарево е земјоделски регион, веднаш да се направат анализи на почвата и водата