Утрински Весник
Македонија

Пет активни пожари утрово во земјата

Pozar 5.webp.webp

На територијата на државата до 7: 30 часот се евидентирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а 29 се изгаснати. 

Активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), во с. Грешница во Македонски Брод каде гори мешана шума и сува трева, потоа пожарот помеѓу с. Локвица и с. Крапа каде е опожарена деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, во местото викано Бешишки Рид, кај прилепското село Бешиште гори мешана шума, а активен е и пожарот во Општина Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин каде е опожарена нискостеблеста и деградирана шума.


Под контрола се ставени пожарите во помеѓу прилепските села Царевиќ и Смолани, односно местото викано Радобилски рид каде гори мешана шума и нискостеблеста вегетација, местото викано Маркова Стапалка кај селото Латово каде горат грмушки и сува трева и во Општина Демир Капија – во близина на тунелите на автопатот Е-75 кај Демир Капија каде гореше ниска вегетација. 

Можете да прочитате

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде” во Тетово

Груби останува во куќен притвор

Шилегов: Сите во државава се виновни, освен кочанските обвинители за случајот Пулс