Утрински Весник
Македонија

Скопје и Тетово вечерва меѓу најзагадените градови – Македонија вечерва на второ место во Европа по загаденост

Img 2894.jpeg

Вечерва, Скопје и Тетово се најдоа меѓу најзагадените градови во регионот, според податоците од глобалните платформи за следење на квалитетот на воздухот. Индексот на квалитет на воздухот (AQI) на повеќе локации во главниот град, како што е околината на Ректоратот, достигна вредност од 144 – што се категоризира како „нездрав за чувствителни групи“. Во Тетово, индексот изнесува 118, што исто така претставува ризик за здравјето.

Главен загадувач е PM2.5 – фини честички кои продираат длабоко во белите дробови и се особено опасни за деца, постари лица и хронично болни. Кај Ректоратот, концентрацијата на PM2.5 е дури 10,6 пати над препорачаните вредности на Светската здравствена организација.


Загадувањето се влошува поради повеќе фактори – високи температури, ниска влажност на воздухот (29%), слаб ветер (10,1 km/h), како и активни пожари во регионот. Посебно се издвојува пожарот во близина на Желино, како еден од локалните извори на чад и прашина. Дополнително, загаден воздух доаѓа и од големите пожари што беснеат во Албанија, во близина на македонската граница.

Според најновите податоци, Македонија се наоѓа на неславно второ место во Европа и 17-то место во светот по ниво на загаденост.

Граѓаните се повикуваат да избегнуваат престој на отворено, особено во вечерните часови, да користат заштитни маски при излегување и, доколку е можно, да остануваат во затворени простории со прочистувачи на воздухот. Институциите, пак, се повикуваат на итна реакција со мерки кои ќе го намалат влијанието на загадувањето – хроничен и сериозен проблем кој го загрозува здравјето и секојдневниот живот на населението.

Можете да прочитате

Пожар на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце

Објавен е конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за новинари, граѓански организации и поединци за справувањето со дезинформациите

Штети од милиони евра по пожарот во паркот Езерани