Утрински Весник
Македонија

Ќе има покачување на пензиите, Владата го донесе предлогот за измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување

Penzioneri6 14894 39nxbyditctl2sfcoj4mww.jpg

Владата на денешната седница го усвои предлог-законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што следи покачување на пензиите, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно денеска на прес-конференција изјави дека Владата денеска ќе го разгледа предлог-законот за линеарно зголемување на пензиите, кој потоа ќе биде испратен до Собранието.


„Очекуваме линеарно зголемување на пензиите, тоа го бараат пензионерите од Владата. Тој процент што треба да се зголеми да биде линеарно распределен на сите корисници на пензии. Денеска на седница на Владата би требало предлог законското решение да помине и веднаш потоа да биде испратено до парламентот. Очекувам Парламентот пред распишување на локалните избори тоа да го изгласа позитивно“, изјави Мицкоски.

За потсетување, премиерот во телевизиско интервју минатата недела најави дека се прават анализи за ново линеарно покачување на пензиите и дека одлуката ќе биде донесена наскоро.

Мицкоски тогаш спомена и конкретна сума од 1 000 денари, за која би требало да се покачат пензиите за сите пензионери, без разлика на висината на пензијата, а потоа да има повторно покачување на пензиите за истата сума во март 2026 година.

Можете да прочитате

Обвинителството нареди обдукција – семејството не дозволи, девојчето од Тетово погребано

ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје

Македонски филм првпат на National Geographic: “Приказната за Силјан” на Тамара Котевска го откупи светски познатата тв мрежа