Утрински Весник
Македонија

Поранешен телохранител на Мицкоски се изјасни за невин: Обвинет дека нудел службени тајни за 50.000 евра

Img 2882.jpeg

Ангел Самараков, полицаец и поранешен припадник на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, се изјасни како невин на првото рочиште во Основниот кривичен суд, во постапка во која е обвинет дека се обидел да пренесе службени полициски тајни на друго лице во замена за 50.000 евра пишува телевизија Телма


Според обвинението, трансакцијата наводно требало да се реализира преку посредство на негова колешка полицајка.

Обвинителката Ивана Трајчева истакна дека обвинението е поткрепено со цврсти видео-докази на кои, како што рече, се гледаат конкретните дејствија на обвинетиот.

Адвокатот на Самараков ги отфрли обвинувањата, посочувајќи дека доставените материјали не се класифицирани како службени тајни и предложи петмина полициски службеници како сведоци. Сепак, обвинителството одби најголем дел од предложените сведоци, со образложение дека немаат директна врска со делото.

Клучен сведок во случајот е Благоја Коруноски, на кого, според обвинителството, Самараков му ги предал документите. Одбраната, пак, укажа дека Коруноски има осудителна пресуда од 12 години затвор за убиство во Прилеп во 2006 година и дека токму Самараков бил полицаецот кој го привел при неговото бегство од затвор.

Поради технички проблем со репродукцијата на доказите, следното рочиште, на кое треба да се соочат обвинетиот и сведокот, е закажано за 14 август.

Можете да прочитате

Левица: Црвената фаза бара задолжителни мерки, а не препораки – надлежните веднаш да донесат мерки за заштита на населението

МВР предупредување за измама на социјалните мрежи

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со лаги бега од одговор за корупцискиот скандал со гасот