Утрински Весник
Македонија

Македонци останаа на аеродром во Истанбул за Скопје – без лет, без храна, без сместување

Img 2860.png
Dik 300x250 mk

Група од десетина македонски патници останаа заглавени на аеродромот во Истанбул вечерва, откако поради серија пропусти во комуникацијата и организацијата од страна на Turkish Airlines, не успеаја да се качат на летот ТК1005 на релација Истанбул – Скопје пишува 4news.mk.

Според нивните сведочења, гејтот за полетување бил променет дури четири пати, а последната промена – од B9A на F7 – била соопштена само усно од операторот на гејтот, без да се прикаже на информативните табли. По таа промена, летот целосно исчезнал од дисплеите, што довело до дополнителна конфузија.


„Некои од нас беа на гејтот три часа пред полетување. Имаме и boarding pass со печат од гејтот, како доказ дека сме биле таму. Но, без никаква најава, летот исчезна, а ние останавме на аеродромот“, велат патниците.

По пријавата до менаџментот на Turkish Airlines, авиокомпанијата го признала пропустот и понудила бесплатни карти за следниот утрински лет за Скопје, како и ваучери за храна. Сепак, патниците велат дека не добиле ниту храна ниту сместување, иако, според меѓународните авијациски правила, авиокомпаниите се обврзани да го обезбедат тоа при вакви ситуации.

Дополнителен проблем се појавил кога поради безбедносни правила (познати како baggage reconciliation), авионот морал да биде задржан околу 30 минути, бидејќи бил отстранет багажот на патниците кои не се качиле на летот.

И покрај првичните ветувања, поголемиот дел од патниците не добиле ниту ваучери за храна, под изговор дека немале поврзан лет. Дури и по објаснувањето дека Истанбул им бил транзитна точка, некои службеници од Turkish Airlines го смениле ставот и рекле дека ни тие не ги исполнуваат условите.

Патниците најавуваат поднесување на официјални жалби до Turkish Airlines, но и до надлежни институции во земјата, барајќи одговорност за, како што велат, лошата организација и непрофесионалниот третман.

Можете да прочитате

Може да застари случајот со родилката од Дебар, рочишта ќе се закажуваат секој работен ден се до одржување

Полицијата го сопрела при рутинска контрола, она што го виделе внатре ги шокирало

Ленче Николовска: 100 милиони евра од ИПАРД под знак прашалник, срамота за институциите