Утрински Весник
Македонија

Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер и во струмичко (ВИДЕО)

Helikopter vasilevo.jpg

Полициски хеликоптер Бел‑412 од Одделот за воздухопловни единици изведе повеќе прецизни налети над пожарот кај с. Нивичино, општина Василево. Со маневри на само неколку метри од патот и објектите, екипажот обезбеди безбеден коридор за доброволците и жителите, овозможувајќи нивна евакуација и повлекување на сигурен терен.

-Полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, с. Нивичино. Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен, се наведува во соопштението на МВР.


Можете да прочитате

ЦУК со апел за одговорно однесување на отворен простор

Повторно голем пожар во Куманово на отпад за стари автомобили

Во Скопје, Велес, Кавадарци и Демир Капија измерени 41 степен, за утре се најавува температура до 42 степен