Утрински Весник
Македонија

Сашко Кедев го освои и Гашербрум, тој е првиот Македонец што ги искачи сите 14 врвови над 8 000

521415350 18077374819931794 5084628782238795062 n e1753000994318.jpg

Сашко Кедев утрово се искачи на врвот Гашербрум I (8 080 м) во Пакистан и стана првиот Македонец и единствен во поширокиот регион кој ги освои сите 14 врвови над 8 000 метри и највисоките врвови на сите седум континенти

Тимот на експедицијата G1 предводен од „Имеџин Непал“ денеска во 10:44 часот по локално време успешно се искачи на  Гашербрум. Во тимот покрај Кедев, беа и Ванг Жонг од Кина и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа.


– Врвот на Г1 на д-р Кедев го означува завршувањето на сите 14 осумилјадници – историски прв за Македонија!, стои во објавата на „Имеџин Непал“.


Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол