Утрински Весник
Македонија

Костова: Очајни се резултатите на ВМРО-ДПМНЕ на секое поле, особено во економијата

Kristina kostova triling.jpeg

Очајни се резултатите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицоски во изминатата година на секое поле, особено во економија, очајни се нивните резултати дури и на локално ниво, истакна потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во интервју за „Трилинг”.

Таа ја посочи лошата економска состојба, предупредувајќи за растечка инфлација, намалената куповна моќ на граѓаните, зголемениот јавен долг и политиките на власта кои ја доведуваат Македонија во ситуација на „должничко ропство”.


-Народот се повеќе и повеќе тоне во немаштија, во сиромаштија, куповната моќ на граѓаните е падната и е најниска во Европа, минималната плата е претпоследна во Европа, трошоците за живот секојдневно растат. Цените на зеленчукот во споредба со минатата година пораснале за 46%, тоа се речиси 50% раст на цените за кои Владата и Мицкоски не сакаат во целиот повој период на кој било начин да интервенираат, да го спречат ова дивеење на цените, ниту пак да го спречат растот на инфлацијата, истакна Костова.

Потпретседателката на СДСМ, Костова, нагласи дека за повеќе од граѓаните одењето во супермаркет стана луксуз, а тука се и покачените сметки за струја од од 20 %, зголемувањето на цената на парното во Скопје, додека во општините предводени од ДПМНЕ има покачување на цените на услугите што ги добиваат граѓаните, за данок на имот, за пренос на имот.

-Истовремено стануваме држава која што е се позадолжена, не зборуваме само за унгарскиот кредит и за кредитот којшто е дел од партнерството со Велика Британија, туку овде зборуваме и за последниот ребаланс на буџетот, за постојаното задолжување на домашен план. Ова е многу сериозен проблем за којшто предупредуваат многу експерти, рече потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во интервју за „Трилинг”.

Можете да прочитате

Одобрено обвинението за Онкологија, Васев и Нухи го оштетиле буџетот за скоро 36 милиони евра

Власта се пофали дека реализирала 950 нови вработувања во здравството

Пожар во близина на Струга, тројца пожарникари завршиле во болница