
Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски, се сретна со жителите на Ново Лисиче, кои ги споделија своите размислувања, предлози и идеи за решавање на проблемите со кои секојдневно се соочуваат во својата локална заедница.

Граѓаните укажаа на потребата од подобра хигиена на јавните површини, редовно одржување и обновување на зеленилото, како и итна потреба од решавање на проблемот со недостигот на паркинг места, заедно со низа други приоритети што го отежнуваат животот во општината.
„Програмата за Аеродром мора да ја напишеме заедно. Граѓаните треба да го имаат и првиот и последниот збор за тоа во каква општина сакаат да живеат. Потребни се трајни и одржливи решенија за чиста, зелена и функционална општина”, истакна Трајановски.
Тој додаде дека општината мора да ги отвори широко вратите за граѓаните. „Недозволиво е граѓаните со месеци, па и со години, да чекаат одговори и решенија од општинските служби. Ако сите се согласуваме дека системот мора да се менува, тогаш да ги забрзаме тие промени, веднаш и заеднички”, порача Трајановски.
На средбата се обрати и претседателот на ОО СДСМ Аеродром, Милутин Ристески, кој потенцираше дека соработка со граѓаните е клучна, затоа што токму тие најдобро ги познаваат приоритетите и вистинските потреби за унапредување на животот во своите населби.
СДСМ останува посветена на отворен дијалог и блиска соработка со граѓаните во секое маало, во секоја населба. Граѓаните заслужуваат многу подобри услови. Аеродром мора да продолжи да се развива со забрзан чекор.