Утрински Весник
Македонија

Арсовска по наводите дека го истепала „командант Барути“: Од Рашче не извира толку вода колку што вие сте способни да украдете

Danela.jpg

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска реагираше на изјавата на членот на ВЛЕН и вицепремиер, Изет Меџити кој не го осуди инцидентот со неа што се случи минатиот петок. Арсовска истакнува дека вчера Владата му даде милиони евра за 17 проекти на неговото другарче Висар Ганиу градоначалник на Чаир.

-Тие се ваши пари, пари на граѓаните, што ќе ги отплаќа Македонија во следните 10 години, а сега ги трошите на овој што има 150 незаконски и небезбедни згради диво приклучени на скопскиот водовод и не плаќаат ни денар за вода. Лажи си ти Изет дека ЈП Водовод е крив, од природниот извор Рашче не извира толку вода КОЛКУ ШТО ВИЕ СТЕ СПОСОБНИ ДА УКРАДЕТЕ, стои во објавата на Арсовска на социјалните мрежи.


Претходно Меџити во вестите на Тв Сител рече дека градоначалничката го истепала едниот осомничен за нападот врз неа.

-Што да осудиме? Дека градоначалничката оди пред негова куќа и го истепа? За осудување е. Во нормална држава таа треба да даде оставка, кажа вицепремиерот.

-Имаме снимки се се глед, вели Меџити за наводниот напад на Арсовска врз „командант Барути“.

Можете да прочитате

СДСМ денеска ќе објави нови кандидати за градоначалници, Трајковски за Кисела Вода, Костадинов за нов мандат во Валандово

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го доведе до колапс системот за водоснабдување – цената ја плаќаат децата од болницата „Козле”

Мицкоски: Со новата опрема според НАТО стандардите го зајакнуваме нашиот одбранбен капацитет, безбедноста на државата и граѓаните