Утрински Весник
Македонија

Отворена е истрага за заканите кон известувачот за Македонија во ЕП, Томас Вајц

Tomas Waitz.jpg

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Томас Вајц, во разговор за ТВ „24“ изјави дека е отворена истрага поради заканите по животот кои ги добил по предлагањето на извештајот за земјава во ЕП.

Вајц минатата недела рече дека добивал закани дури и откако беше изгласан извештајот, кој ги налути екстремните националистички кругови во Бугарија и нивните политички артикулации во Стразбур. Вајц денеска изјави дека дел од европратениците се кааат што дозволиле дебата за нечиј идентитет.


Европратениот вели дека не е сигурен оти исфрлањето на формулацијата „македонски“ е мудра одлука. Тој им порача на критичарите дека планира уште подетално да се занимава со напредокот на земјава кон ЕУ.

Можете да прочитате

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Умереното консумирање кафе поврзанo со подобро ментално здравје

Средба Сали – Лосон, истакнато значењето на стратешкото партнерство со Обединетото Кралство