Утрински Весник
Свет

Јулија Свириденко е нова премиерка на Украина

20250717113836 big 730x400 99.webp.webp

Поранешната потпретседателка на украинската влада, Јулија Свириденко, денеска е избрана за нова премиерка на Украина.

За нејзиното именување гласале 262 од 450 членови на Врховната рада.


Таа доаѓа на местото на Денис Шмихал, кој ја извршуваше функцијата пет години, што е најдолг мандат во историјата на земјата. Шмихал ќе ја преземе функцијата министер за одбрана од Рустем Умеров, за кого се смета дека ќе стане нов амбасадор на Украина во Соединетите Американски Држави.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно предложи Свириденко да ја предводи украинската влада.

Зеленски истакна дека со Јулија Свириденко разговарал и за спроведување на договорите со европските и американските партнери, кои беа постигнати за време на неодамнешната Конференција за обнова на Украина одржана во Рим.

– Мораме што поскоро да спроведеме сè што може да ја поддржи стабилноста на нашата држава и општество – заклучи украинскиот лидер.

Можете да прочитате

Словенија прогласи двајца израелски министри за персона нон грата

Во Велика Британија на избори ќе се гласа со наполнети 16 години

Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори