Утрински Весник
Македонија

Потпишана Заедничка декларација за царинска соработка со Министерството за трговија на Турција – заедничка борба со организираниот криминал и забрзување на легалната трговија

Img 2921.jpeg
Dik 300x250 mk

Потпишана е Заедничка декларација помеѓу Царинската управа на Македонија и Министерството за трговија на Република Турција за царинска соработка со што двете страни се обврзуваат заеднички да делуваат во борбата против организираниот криминал и забрзување на протокот на легална трговија. Заедничката декларација денеска во Анкара ја потпишаа директорот на Царинската управа на Македонија, Бобан Николовски, и заменик-министерот за трговија на Република Турција и надлежен за царински политики, Сезаи Учармак.

„Заедничката декларација е потврда за нашата посветеност на блиска соработка и взаемна поддршка во остварување на заедничките цели – жестока борба против организираниот криминал и унапредување на легалната трговија. Со декларацијата се обврзуваме на креирање заеднички профили на ризик, директна комуникација во реално време, размена на разузнавачки информации и учество во заеднички операции со цел спречување и разобличување на криминални структури. Паралелно, се заложуваме за поедноставување на царинските постапки, размена на експертиза и взаемна поддршка во спроведувањето на меѓународни царински конвенции и стандарди. Дополнително, со цел зголемување на транспарентноста, ќе работиме на промоција на програмите за доверливи економски оператори и унапредување на соработката во сите царински области”, изјави директорот Николовски.


Заменик министерот за трговија на Република Турција, Учармак, изјави дека двете служби имаат многу области и теми за соработка, и оти денешниот договор е потврда за нивната посветеност на заедничко делување во тие области. 

„Двете држави се наоѓаат на важен транспортен коридор и делат заеднички цели како земји кандидати за членство во Европската унија. Двете страни ги применуваат истите меѓународни правила и стандарди, со цел да се олесни и забрза меѓународната соработка,” изјави заменик министерот Учармак.

Во Анкара, директорот Николовски, заедно со помошниците директори, за контрола и истраги, царински систем, ИКТ и меѓународна соработка, оствари билатерална средба со Сезаи Учармак, заменик министер за трговија на Република Турција, Мустафа Ѓумуш – генерален директор на Генералниот директорат за царини, Раиф Џан – генерален директор за анализа на трговијата и анализа на ризик, како и други високи претставници на Генералниот директорат за царини на Република Турција.

Во рамки на средбите во Анкара ќе биде одржан и технички состанок на експертско ниво на којшто двете страни ќе ги разгледаат конкретните чекори за справување со идните предизвици и интензивирање на соработката.

Можете да прочитате

Kумановска платила 2.000 евра за патување, но наместо билет, добила молк од скопска туристичка агенција

Виничанец нападнал полицаец со дрвен предмет во угостителски објект

ИЗМЕРЕНИ -3 СТЕПЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Пред нас уште едно ладно утро