Утрински Весник
Македонија

Најчевска го нарече Тошковски „креле неписмено“ по најавата за дивоградбите

Najcevska.jpg

Професорката во пензија и аналитичарка, Мирјана Најчевска го нарече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски „креле неписмено“ по неговата денешна изјава дека ќе се уриваат дивоградби согласно законот доколку навистина се утврди дека се опасни по живот.

-Креле неписмено, не се уриваат дивоградбите кога се опасни по животот на граѓаните, туку се уриваат затоа што се дивоградби, значи затоа што се изградени со кршење на законот. Дајте бре луѓе донесете на власт некој со 2 грама мозок и со интелектуален капацитет кој му овозможува елементарно разбирање на нештата, порача Најчевска на социјалните мрежи.


Тошковски денеска изјави дека доколку се утврди дека се опасни за животот на граѓаните, тогаш ќе се постапува по закон и ќе се уриваат дивоградбите. Министерот беше прашан што ќе се прави со дивоградбите во Чаир, но и во другите општини во земјата, доколку се утврди дека се незаконски изградени.

Полициски службеници вчера влегле во општините Чаир, Сарај и Аеродром, а се очекува тоа да го сторат денеска и во општина Кисела Вода.

Изминатиот период градоначалничка Данела Арсовска постојано во јавноста презентира случаи со дивоградби во Општина Чаир. Тошковски вели дека полицијата постапува по сите предмети во кои добива наредба од Јавното обвинителство или каде имаат соодветни информации и самите преземаат одредени дејствија.

Можете да прочитате

Кузеска: Тошковски сака да ја партизира полицијата и да ја уништи кариерата и професионалноста

СДММ: Наместо реновирање, ВМРО-ДПМНЕ го остави студентскиот дом „Кузман Ј. Питу” под клуч

Муртезани: Ние сме најдобриот пример за отпорност и упорност во постигнувањето на нашата крајна цел – членството во ЕУ