Утрински Весник
Македонија

Македонија тоне, размислувам и јас за иселување – Зафиров со жестока порака до властите

Img 2400.jpeg

Познатиот македонски бодибилдер и јавна личност Тоше Зафиров преку објава на својот Фејсбук профил испрати силна и загрижувачка порака до јавноста и институциите, предупредувајќи дека Македонија се соочува со опасен распад на вредностите, системот и безбедноста.

Во обраќањето, Зафиров ги спомена низата трагедии кои ја потресоа државата во последните денови – трагичниот случај во Прилеп, сериозните сообраќајни незгоди, како и протестот во Кочани. Според него, тоа е директна последица на нефункционалноста на системот и неказнивоста.


„Ќе се случи егзодус ако ништо не се смени. Јас на мои 47 години размислувам да се иселам, со два-три бизниси. Замислете што размислува млад човек. Ќе останете само вие политичарите, ние ќе си одиме,“ порачува Зафиров.

Тој се осврна и на неодамнешната посета на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Дубаи, прашувајќи дали таму нешто научил.

„Таму законот важи за сите исто – дали возиш Бугати или Рено, ако пишува 60 – ќе возиш 60. Исто се казнува. Тоа може и кај нас ако се сака,“ вели Зафиров, давајќи пример и со австрискиот град Грац каде, според него, во текот на една година немало ниту еден загинат во сообраќајка.

За насилството врз градоначалничката Данела Арсовска, Зафиров истакна дека не смее да се дозволи насилство над жена, без разлика на политичката припадност.

„Одобрување на такво насилство е навреда за секоја жена,“ нагласува тој, додавајќи дека секоја жена во Македонија мора да се чувствува безбедно и заштитено.

Со својот јавен став, Зафиров им се приклучи на граѓаните кои бараат поголема одговорност, владеење на правото и функционален систем кој ќе гарантира сигурност, правда и достоинство за сите.

ЛИНК до видео

Можете да прочитате

Мицкоски: Граѓаните го препознаваат новиот пристап на работење, дека не ветуваме чуда, туку градиме систем базиран на правда, отчетност и еднаквос

Николовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти, од акциза за 7,1, а од данокот на моторни возила за 17 отсто

Во градинките и центрите за ран детски развој лани биле згрижени 37 871 дете