Утрински Весник
Македонија

Дрифт шоу во Тетово, без полициски надзор и со многу бучава

05b693e6 fbba 4794 a6bd def3dd1f6aff.jpeg
Dik 300x250 mk

Попладнево, околу 16:30 часот, во Тетово се одржал автомобилски настан кој привлекол голем број посетители, но и реакции од загрижените граѓани. Според сведочења за „Слободен печат“, присутните возачи изведувале дрифтање и користеле возила со модифицирани ауспуси, што предизвикало гласна бучава и значително го нарушило јавниот ред и мир.

Жители од околните згради и куќи се пожалиле на несносна врева, истакнувајќи дека таа далеку ја надминала законски дозволената граница од 40 децибели во периодот од 15:00 до 18:00 часот, кога важат построги прописи за заштита од бучава.


Граѓаните реагирале до редакцијата на „Слободен печат“ со забелешка дека за време на настанот не било забележано присуство на полициски службеници, ниту било преземено нешто за да се регулира или надгледува однесувањето на учесниците.

Случајот повторно го отвора прашањето за регулација на вакви настани, особено кога тие се одржуваат во урбани зони и без соодветен надзор од надлежните институции. Се очекува реакција од СВР Тетово и локалната самоуправа.

Можете да прочитате

Македонија гласа поспоро, најголема излезност во Конче, најслаба во Сарај и Чаир

ДИК одзела осум акредитации на домашни набљудувачи

Излезеноста до 15 часот е 27,19%