Утрински Весник
Македонија

Пожарите околу Скопје не беа случајни, туку намерно планирана акција вели Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ

Branepetrusevski.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Бране Петрушевски:

Почитувани,


Она што се случуваше околу Скопје со пожарите, воопшто не беше случајно, туку очигледно цел од една организирана акција на лица кои не му мислат добро ниту на Скопје, ниту на Македонија.

Полицијата пронајде дрва потопени во бензин, гума и ракавици на неколку места на кои имаше пожари околу Скопје.

Институциите реагираа и приведоа неколку лица, дел од кои се поврзуваат и со опозицијата, и се дури и нејзини функционери.

Дали целта беше да се создаде хаос во Скопје?

И дали затоа веднаш по избивањето на пожарите се вклучи СДС и до нив блиски чинители со соопштенија и коментари?

Тргна ли опозицијата во организирана акција за искористување на пожарите во политички наратив?

Единствено нешто што очигледно ја осуети ваквата злонамерна политика на опозицијата беше брзата реакција на институциите, новите возила кои ги промовираше премиерот и високо мотивираниот кадар.

Хаосот кој некој го проектираше не се случи, но остана отворена дилемата за политичката позадина, која ако се докаже, некој сериозно треба да понесе одговорност.

Можете да прочитате

Тренчевска: Минимална плата од 600 евра за достоинствен живот на работниците 

Тешка несреќа во Скопје лице прегазено од комбе

Тошковски: Целта на системот ,,Безбеден град” е да спаси човечки живот