Утрински Весник
Македонија

МВР: Убиецот од Прилеп пукал кон полицијата, фрлил и бомба, но не експлодирала

Img 2273.jpeg

Во центарот на Прилеп синоќа се случи трагедија што ја потресе јавноста, кога во семејна куќа беа пронајдени безживотните тела на 13-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 62 години. Според првичните информации од истрагата, настанот е резултат на длабоки семејни недоразбирања и нерешени имотни прашања, кои кулминирале со убиство и самоубиство.

Случајот започнал кога во полицијата била пријавено дека се претпоставува дека таткото и синот се наоѓаат во домот на нивен роднина. Полициските службеници се упатиле на адресата, но никој не ја отворил вратата. По наредба од јавен обвинител, полицијата ја отворила вратата со сила, при што едно лице фрлило експлозивна направа кон нив, која за среќа само чадела и не експлодирала. Веднаш потоа, од куќата било отворено оган кон полицајците, по што тие возвратиле со службено оружје.


По интервенцијата, во раните утрински часови лекарска екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт кај трите лица, сите со повреди од огнено оружје. Според податоците од истрагата, 62-годишниот маж прво ги убил својот внук од сестра и неговиот син, а потоа си го одзел животот. Мотивите за трагичниот настан ги објавил и на социјалните мрежи непосредно пред самоубиството.

Можете да прочитате

Македонија тоне, размислувам и јас за иселување – Зафиров со жестока порака до властите

Дрифт шоу во Тетово, без полициски надзор и со многу бучава

ВМРО: СДС продолжуваат со измислени бројки, да не беше ВМРО-ДПМНЕ патот Кичево-Охрид ќе беше уште незапочнат