
Според неофицијални информации, вооружено лице држи во заложништво неколку лица. На терен се распоредени бројни полициски екипи, а ситуацијата е напната.

Се шпекулира дека се случило убиство – неофицијално, се наведува дека вујко го убил својот внук и својот зет, но до овој момент нема официјална потврда од надлежните институции.
Засега нема точни информации дали има и други повредени, а полицијата не дава детали.
Ситуацијата е во тек и се очекува официјално соопштение од Министерството за внатрешни работи.