Утрински Весник
Свет

Колумбиските власти уапсија еден од шефовите на италијанската мафија „Ндрангета“ во Латинска Америка

20250712102257 big 730x400 10.webp.webp

Колумбиските власти вчера соопштија дека уапсиле наводен шеф на италијанската мафија „Ндрангета“ во Латинска Америка, јавија американските медиуми.

Уапсениот маж е обвинет за контрола на пратките со кокаин и водење нелегални рути за трговија со луѓе до Европа.


Полицијата го идентификуваше осомничениот како Џузепе Палермо, познат и како „Пепе“, Италијанец кој се бараше со црвена потерница од Интерпол со која се бара негово апсење во 196 земји.

Според официјалните информации, тој бил приведен на улица во колумбиската престолнина Богота, за време на координирана операција на колумбиските, италијанските и британските власти, како и Европол.

Се верува дека Палермо е дел од „една од најдобро организираните ќелии“ на „Ндрангета“, изјави Карлос Фернандо Тријана, шефот на колумбиската полиција на Х.

Осомничениот „не само што раководел со купувањето големи пратки кокаин во Колумбија, Перу и Еквадор, туку ги контролирал и морските и копнените рути што се користат за транспорт на дрогата до европските пазари“, објасни Тријана.

Нелегалното производство на кокаин достигна 3.708 тони, што е зголемување од речиси 34 отсто во однос на претходната година, главно поради проширувањето на одгледувањето кока во Колумбија, покажуваат податоците на ОН.

Можете да прочитате

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина

Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра

Орбан: Зеленски да обезбеди никој да не загине при присилна регрутација