Утрински Весник
Македонија

НОВ ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Во Македонија температурите во пораст!

Meteoalarm.mk 23.png

Викендов (сабота и недела 12/13 јули) во нашата Република Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. И во Скопје и околината времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во исто време, од југ, односно од Африка повторно ќе ни продира нов топол воздух, но овој пат тој ќе биде со по умерен интензитет, односно, премногу високи температури нема да имаме и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени денес (сабота 12 јули), додека утре (недела 13 јули) максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени.


Во Скопје и околината максималната дневна температура ќе се искачи до околу 35 степени денес (сабота 12 јули) и до околу 37 степени утре (недела 13 јули).

Можете да прочитате

Мицкоски: Туристичкиот развој на Берово е еден од приоритетите на Владата, во подготовка закон за туристички развојни зони

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари

Денес во Македонија пожари на седум локации