Утрински Весник
Македонија

Четири активни пожари низ Македонија

Pozar Korejaj.jpg

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото Николич, каде што гори нискостеблеста шума, во општина Чашка под Солунска глава, каде има чад во карпест предел без видлив пламен, во Куманово на местото Преовце каде гори ниска вегетација, како и во Старо Нагоричане, во селото Ругинце.

граѓаните добија СМС порака за прогласена кризна состојба поради пожарите, со известување за забрана за движење во шумите. Од Центарот за управување со кризи појаснија дека станува збор за тест-порака, испратена со цел да се провери системот за масовно известување на населението во случај на кризни ситуации.


Можете да прочитате

Филипче од Кочани: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи,  но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

Траорна атмосфера на комеморацијата за починатите во Кочани – 62 балони во чест на 62 починати

Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на Граничниот премин Блаце