Утрински Весник
Македонија

Денес и утре посебен сообраќаен режим на повеќе улици низ Охрид, внимавајте каде паркирате

Ohrid.webp.webp
Dik 300x250 mk

Со цел непречено одвивање на предвидените активности пред отворањето на годинешниот фестивал „Охридско лето”, СВР Охрид денеска и утре,  презема посебни безбедносни мерки.  Во делот на сообраќајот, на булеварот „Туристичка”, на булеварот „Македонски просветители” и кејот „Македонија” од кружниот тек кон  улиците „Цар Самоил”, „Коста Абраш” „Илинденска”, „Кирил и Методиј” и „Абас Емин” како и кај паркинг просторот кај „Горна Порта” и другите приоди кон Античкиот театар, ќе биде забрането запирање и паркирање на патнички и други моторни возила вклучително и на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во делот кон хотелскиот комплекс „Инекс”.

На овие места, ќе има присуство на полициски службеници кои ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот и непречено. движење на возилата со придружба. Покрај овие, предвидени се и други безбедносни мерки на подрачјето со цел, зачувување на стабилната и поволна безбедносна состојба во областа на јавниот ред и мир.


СВР Охрид, апелира до граѓаните, поради огромното значење на фестивалот на домашен и меѓународен план, да покажат разбирање за мерките, да ги почитуваат насоките на полициските службеници и со цел избегнување сообраќаен метеж, доколку немаат итна и неодложна потреба, да се воздржат од користење на своите приватни возила.

Можете да прочитате

Ред,чистота и култура. Орце е вистинскиот избор за Скопје, порачува Мицковски

ЗНМ: Осуда за заканите кон новинарот Исмаили

Приведен 49-годинишен тетовец по објавите со закани на социјалните мрежи