Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите

Bogdanka kuzeska pres.jpeg

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Додека државата гори, додека пожарникарите со мизерни плати се борат со пламените стихии, додека семејствата во Кочани молат за помош и чекаат државата да им помогне, Владата на Христијан Мицкоски ќе потроши 1,8 милиони евра од народните пари за да се луксузира, да прави логоа, брошури, тотеми и кетеринзи за ЕКСПО што ќе се случи дури во 2027 година.


Повеќе од 110 милиони денари ќе платат на приватна фирма за „визуелни идентитети”, столови со еко-кожа, тотеми, билборди, спотови, брошури, кетеринзи и престои на промотери цели 4 месеци  во Белград. 

Луѓето во оваа држава едвај преживуваат, платите стагнираат, нема пари за Кочани, нема пари нови пожарникарски возила, нема пари за ништо освен за промоција на Мицкокси и Владата. За тоа нема проблем да има речиси 2 милиони евра. 

Ова е чиста навреда за граѓаните. Владата со овој тендер ја покажува својата вистинска природа: луксузирана, одлепена од реалноста, во која министри и премиер си замислуваат дека народните пари се нивна сопственост за шетање по Белград и снимање спотови.

И не само тоа. Овој тендер, кој вклучува медиумски кампањи, спотови, билборди, реклами на социјални мрежи, банери, соопштенија и цела инфраструктура за промоција отвора сериозно прашање: дали овие 1,8 милиони евра од буџетот всушност се уште еден начин Владата да си ја плати сопствената изборна кампања со пари од граѓаните?

Дали токму преку овие тендери Владата ќе си обезбеди медиумски простор, билборди, видеа и маркетинг кој ќе го користи за сопствена пропаганда пред и за време на изборите?

Ги прашуваме јавно: кој ќе одговара за ова расфрлање со нашите пари?

Ова не е влада на народот, ова е влада одлепена од реалноста, арогантна, без трошка чувство за одговорност кон граѓаните.

Ги повикуваме граѓаните да видат на што се трошат нивните пари – да видат како Владата избра да се луксузира и да си прави промоции наместо да им помогне на оние кои секој ден се борат да преживеат.

Оваа ароганција мора да престане. Оваа скапа срамота ќе ја разоткриваме до крај и ќе бараме одговорност за секој денар потрошен за оваа бесрамна авантура на Владата.

Можете да прочитате

Апасиев до Мицкоски по нападот врз Арсовска: До кога ќе слугуваш на битангите од ВРЕДИ?

Јакимовски: Треба ли некој да биде убиен за да се освестиме!?

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и санкции за сторителите