Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Викендов ни следува нов продор на топол воздух од Африка!

Meteoalarm.mk 35.png
Dik 300x250 mk

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на нов продор на топол воздух од југ, односно од Африка, викендов повторно ќе имаме поголем пораст на температурите на воздухот, но сепак, екстремно високи температури на воздухот нема да има, а времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.


И во Скопје  и околината викендов времето ќе биде сончево со мала локална облачност, а ќе дува  и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата пак ќе бележи поголем пораст.

Максималните дневни температури на воздухот веќе од недела (13 јули) повторно речиси насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе се искачуваат до околу 37/38 степени. Релативно свежо ќе биде  и утрешното саботно утро (12 јули) кога минималните температури во нашата Република Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени, а во Скопје  и околината минималната температура ќе се спушти до околу 13 степени.

Можете да прочитате

Филипче: Трошоците за живот растат без контрола а владата не презема ништо

Итно да се укине мерката за евтаназија на кучиња со лајшманиоза

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени