Утрински Весник
Македонија

Една од најбараните услуги на МВР од денес достапна и електронски

Capture 3.jpg

Министерството за внатрешни работи интензивно продолжува со процесите на дигитализација и со тоа приближување на своите услуги до граѓаните. Од денес на националниот портал uslugi.gov.mk достапна електронски е една од најбараните услуги на граѓаните на шалтерите на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење.

Граѓаните можат да ја пронајдат услугата директно на следниот линк:
https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5737


Министерството за внатрешни работи во текот на неколку месеци дигитализираше дел од своите услуги за граѓаните кои граѓаните веќе секојдневно ги користат за нивните потреби и тоа:

Апликација за дозвола за оружје
Потврда за моментална сопственост за возила за физички лица
Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за физички лица
Потврда за моментална сопственост на моторни возила за правни лица
Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за правни лица

Министерството ги активира сите свои капацитети со цел да овозможи дигитализација на сè поголем број услуги за граѓаните во иднина.

Можете да прочитате

Грозданова: ХПВ вакцината штити од рак, а родителите сe уште се двоумат да ги вакцинираат 

Грозданова: Нема научни докази дека МРП вакцината предизвикува аутизам

Нови БСЖ вакцини пристигнуваат од друг производител – старите серии остануваат под забрана за употреба