Утрински Весник
Македонија

Владата задоцни, народот сам гаси, Димитриевиќ од Дојран со жестока критика

Dsc 7655.jpeg

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитриевиќ, вечерва преку својот Фејсбук профил сподели порака од Дојран, каде лично присуствуваше за да даде поддршка во справувањето со пожарот што го зафати овој регион.

„Вечерва сум со граѓаните на Дојран, во еден од најтешките денови за овој крај. Моето присуство е израз на поддршка, солидарност и благодарност до сите кои храбро се справуваат со огнената стихија,“ напиша Димитриевиќ.


Тој им упати честитки на градоначалникот и жителите за пожртвуваноста, а особено ја истакна вклученоста на членовите на СДСМ кои доброволно помогнале на терен.

Во објавата тој остро ја критикува Владата и надлежните институции за доцнење во реакцијата и недоволна подготвеност: „Институциите денеска не беа на ниво на задачата. Граѓаните во многу општини беа оставени сами, без соодветна поддршка и координација. Владата не обезбеди доволно ресурси и механизација.“

Димитриевиќ порача дека токму во вакви моменти се гледа вистинската сила на граѓаните и нивната солидарност, подвлекувајќи: „Заедно сме посилни.“

Можете да прочитате

СДСМ: Нема одговор за дрогата од 5 тона, повторно само дефокус

Денес со 2,32 промили алкохол предизвика сообраќајка во Скопје – две лица повредени

Како функционира „Безбеден град“ – системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла