Утрински Весник
Македонија

Голем пожар во Крива Паланка – Градоначалникот бара итна државна помош

Screenshot 2025 07 09 140740.jpg
Dik 300x250 mk

Голем шумски пожар избувна во близина на селото Лозаново, општина Крива Паланка, а градот се соочува со една од најголемите огнени стихији во последните неколку години. Градоначалникот Сашко Митовски преку својот фејсбук профил информираше за сериозноста на ситуацијата и упати јавен апел за помош.

„Градот се наоѓа под најголема стихија, огнена стихија во последните неколку години. Апелирам и алармирам за смиреност, но во истиот момент апелирам на помош на сите соседни општини, државна помош вклучувајќи ја целовкупната државна механизација. Во опасност се наоѓа директно населено место Лозаново“, објави Митовски.


Пожарот се шири со голема брзина поради високите температури и ветерот, а во гаснењето се вклучени екипи на Територијалната противпожарна единица и локалното население. Општинските власти се во координација со Центарот за управување со кризи и другите надлежни институции.

Градоначалникот предупредува дека е загрозена безбедноста на жителите и повикува на максимална мобилизација на сите расположливи ресурси за да се спречи проширување на огнената стихија кон населените места.

Ситуацијата се следи со зголемено внимание, а се очекува во текот на денот да пристигне и државна помош.

Можете да прочитате

Избрани нови членови на МАНУ

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената