Утрински Весник
Македонија

Ангелов: Презадоволен сум од ефикасноста на Хермелините и Пинцгауерите во справувањето со пожарите

Stojance angelov pres 02.207.2025 1200x598 1.jpg

Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, рече дека е презадоволен од ефикасноста на преманетите возила Хермелин и Пинцгауер, кои сега служат за гасење на пожари.

„Во текот на вчерашниот и денешниот ден, во гаснењето на пожарот во скопско, учествуваат еден Хермелин со цистерна од 6 тона и еден Пинцгауер од 1,5 тона на ДЗС.


Бидејки се оперира низ населени места со стрмни и тесни улици со остри кривини сметам дека не е безбедна употребата на БТР 80. Две од овие возила подготвивме за транспорт во фабриката Самоков бидејки со 6 тонски резервоар за вода и моќна пумпа со домет до 100 метри можат значително да помогнат во одбрана на фабриката доколку за тоа се појави потреба. Но, бидејки пожарот беше ставен под контрола на потегот кон фабриката, одлучив истите да не се транспортираат таму.

Возилата се уредно тестирани од соодветни стручни лица и институции, поминаа технички преглед и се регистрирани на име на ДЗС.

Сепак, како непосредно одговорен за овие специјални возила, дадов наредба да бидат тестирани и во реални услови. Затоа, учеството од овие и следните неколку денови ги сметам за тест возења, за тестирање на реалните можности на возилата, пумпите и посадите.

Откако ќе се увериме дека специјалните возила се доволно ефикасни и безбедни за употреба, во зависност од потребите на терен, нивниот број постепено ќе се зголемува.

Од дводневната употреба, слободно можам да кажам дека сум презадоволен од нивната ефикасност“, рече Ангелов.

Можете да прочитате

Македонија активира европска помош: Бараме поддршка преку ЕУ механизам поради пожарите

Тошковски: Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек

СДСМ: Гори цела Македонија, Владата нема контрола врз пожарите