Утрински Весник
Македонија

(Фото) Нов пожар ја зафати парк-шумата во Гази Баба

Whatsapp image 2025 07 08 at 15.13.27.jpeg

Во текот на денешниот ден избувна нов пожар во парк-шумата на Гази Баба, една од ретките зелени оази во градот Скопје. Засега не се познати причините за избувнување на огнот, но според првичните информации, пожарот се шири брзо поради сувата вегетација и високите температури кои го зафатија регионот во изминатиов период.

Парк-шумата Гази Баба во изминатите години често била цел на пожари, а дел од нив биле намерно подметнати.


Можете да прочитате

Левица: И ЕВН мора да одговара кога од нејзината мрежа тргнуваат пожари – монопол не значи недопирливост

СДСМ: Мицкоски се врати од научно-хибридната екскурзија

Еден час се чека за влез во Грција преку „Богородица“