Утрински Весник
Македонија

Обвинение против поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје и седум полициски службеници

20250708122303 big 730x400 98 e1751971407311.webp.webp

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе Обвинителен предлог против осум лица вработени во КПУ Затвор Скопје.

– Врз основа на прибраните докази првообвинетиот како директор на установата и двајца полициски службеници како соизвршители сториле продолжено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од нив еден полициски службеник сторил и кривично дело „Несовесно работење во службата“, за кое дело се обвинети и останатите петмина полициски службеници – соопшти денеска Обвинителството.


Осомничените, како што се наведува во соопштението, во период од март до јули 2024, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија, при вршење на нивните овластувања, при што на петмина осуденици им овозможиле погодности што согласно судските одлуки не им следувале.

-Тие дозволиле осудените да бидат спроведени до нивните домови и до други локации за приватни потреби спротивно на постапката за спроведување на лица лишени од слобода вон установа – велат од Обвинителството.

Оттаму посочуваат дека постапката била отворена во февруари годинава против десет лица од кои за две лица е донесено Решение за отфрлање поради немање на докази.

Можете да прочитате

Македонец и Албанец осудени за брутално убиство во Малта – едниот со 40 години, другиот доживотно

Арсовска: Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци на вода, МВР мора да постапува!

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран