Утрински Весник
Македонија

Трајчулевски: Владата не знае да се справи со пожарите, ги остави граѓаните сами со огнените стихии

Pres mitko trajchulevski.jpg

Прес-конференција, Митко Трајчулевски, пратеник на СДСМ

Додека цела држава е под огнена стихија, владата на Мицкоски, заедно со Ангелов, Тошковски, Мисајловски и останатите молчи. Не дејствуваат и повторно ги оставаат граѓаните сами да се борат со стихијата.


Само еден ден по спектакуларното сликање со „импровизирана” противпожарна единица и старите хермелини од Армијата, на дело ја видовме нивната неспособност и опасната импровизација. Целото шоу траеше 24 часа – потоа дојде реалноста. Пожари на повеќе локации, вонредна состојба во општини, а граѓаните сами со лопати и црева се борат со огнот, затоа што институциите целосно потфрлија.

За жал, ова не е првпат. Минатата година изгореа 12% од територијата на државата, повеќе отколку за сите седум години додека СДСМ беше на власт.

Тогаш, според ДПМНЕ, вината беше кај СДСМ. А сега? Кој е виновен денес, господине Мицкоски? Повторно ли ќе го обвинувате СДСМ?

Иако цела година имаа време да се подготват, Владата:

  • Не набави нова опрема,
  • Не вработи обучени пожарникари со достоинствени услови,
  • Не ја сервисираше флотата на авиони за гаснење,

Повторно Мицкоски и неговите кадри го оставија народот сам на себе.

Во исто време, не им фалеше буџет за службени возила, за советници со плати од 100.000 денари, за приватни авиони и луксуз.

Се прашуваме: дали државата треба да изгори за конечно некој да преземе одговорност?

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, излезе со изјава дека пожарот во Чучер Сандево бил под контрола – а вистината е сосема поинаква. Граѓаните сами бараат помош на социјалните мрежи. Сами се организираат. А Владата? Молчи. Нема реакција. Нема логистика. Нема држава. Градоначалникот на Чучер Сандево веќе прогласи вонредна состојба.

Колку за потсетување, уште во март 2024 година оставивме подготвен Предлог-закон за интегриран систем за кризен менаџмент. Една година подоцна, ништо.

На 6 јули 2025, Владата го промовираше таканареченото „македонско интервенто противпожарно тело”. На 7 јули, веќе се виде лагата – систем нема, опрема нема, реакција нема. Само ПР, толку знае владата на Мицкоски.

Оттука го прашуваме Мицкоски: дали во која било земја во светот се гасат пожари со БТР-и и хермелини од армијата? Ова не е ниту НАТО, ниту Европа. Ова е циркус.

Наместо МИП – Македонска Интервентна Пожарна, ние гледаме  „импровизирана” противпожарна единица и евтин ПР. Проблемот е што последиците од вашата неспособност ги чувствуваат граѓаните на терен.

СДСМ со одговорен пристап, подготви законски решенија, модели за интегриран систем, обезбеди повеќе шумска и цивилна заштита. ДПМНЕ за само една година направи да изгори двојно повеќе отколку за цела деценија.

Со пожарите не се гасат со слики и ПР. Со кризи не се справува со лаги и партиски вработувања.

Можете да прочитате

Утре од 20 часот пред Борис Трајковски собир за последен поздрав кон Владо Јаневски

Собранието итно закажа седница по најавата на СДСМ за блокада на Изборниот законик

ВЛЕН: Аферата со канализацијата во Зајас добива нова димензија, дали трагата води до снаата на Али Ахмети?