Утрински Весник
Македонија

Силен пожар го обви Скопје во чад и неподнослива миризба во повеќе населби

27dfebda 4140 439d a7f1 174e43c05309.jpeg

Скопје попладнево е обвиено во густ чад, откако пожарот што избувна вчера во близина на граничниот премин Блаце не е ставен под контрола и продолжува да се шири со голема брзина. Силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето и ја зголемува заканата од проширување кон населени места.

Најзагрозени се северниот и западниот дел на градот, каде граѓаните пријавуваат неподнослива миризба на горење, тешкотии со дишењето и намалена видливост.


Според информациите од терен, пожарот зафатил голема површина од ниска вегетација и делови од шума, а на неколку локации огнот се доближува опасно близу до куќи и објекти.

Противпожарните екипи, заедно со единиците на Центарот за управување со кризи и поддршка од хеликоптерската служба, се обидуваат да го локализираат пожарот, но неповолните временски услови ја отежнуваат битката со огнената стихија.

Од надлежните институции е упатен апел до граѓаните да ги избегнуваат погодените подрачја, да ги држат прозорците затворени и да не излегуваат без потреба, поради силно загадување на воздухот.

Како дополнителна мерка, целосно е затворен граничниот премин Блаце, додека трае интервенцијата на терен и додека не се создадат услови за безбедно движење.

Можете да прочитате

Активни пожари кај Дебар, Липково, Чашка

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Средба Муцунски – Петрова во Софија