Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани заслужуваат и финансиска помош и правда 

Replika jovana trencevska.jpeg

Соопштение на јавност на СДСМ:

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во рамките на амандманската расправа истакна дека власта очигледно живее во некој паралелен свет, не во светот во кој живеат граѓаните на Кочани, особено семејствата на настраданите.


„Чувство на одговорност немате, чувство за поддршка и помош немате, а одговорно излегувате арогантно да забранувате да се зборува за најголемата трагедија што ѝ се случила на Македонија. Тоа е навистина безобразно, навистина срамно. Таа забрана за зборување и забрана за пристап на медиумите ја покажува вашата ароганција и покажува дека единствено на што сте спремни е да си го зачувате рејтингот”, нагласи Тренчевска.

Тренчевска додаде дека доколку власта водеше барем малку грижа немаше да го блокира предлог-законот за настраданите во Кочани и ќе го прифатеше овој амандман што ветува поддршка и помош за настраданите и нивните семејства.

„Шеесет и два млади животи згаснаа за миг, една школска генерација во едно населено место ја снема. 200 повредени, од кои најголем дел со траен инвалидитет, а вие зборувате дека она што СДСМ и коалиционите партнери го предлагаат во форма на предлог-закон и сега со амандмани, е квази политика. Вашето е квази политика, затоа што, 30 милиони денари имавте во буџетот за настраданите во Кочани”, нагласи Тренчевска додавајќи дека сето она што е дадено на семејствата и на повредените е направено од Црвениот крст и од Супорт Кочани, а не е направено од владата, не е направено од буџетот на државата.

Тренчевска нагласи дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа невидена ароганција, покажа негрижа за настраданите и за семејствата од Кочани.

„Семејствата бараат правда, бараат поддршка, бараат помош. Во овој момент им е потребна правда, меѓутоа им е потребна и финансиска помош и поддршка.  Меѓутоа, тоа вас не ви е приоритет. За вас, Кочани и семејствата на настраданите не се приоритет”, нагласи Тренчевска.

Можете да прочитате

Водно без вода – жители во очај и гнев: „Рестрикции, а 40 степени надвор!“

Вечерва избувна голем пожар и кај Македонски Брод, за сега никој не интервенира

Кукуновски за 24 Инфо: Граѓаните од Чучер Сандево сами го спасија манастирот од пожарот