Утрински Весник
Македонија

Владата повикува невработени лица да се борат против пожарите – нуди плата од 24.000 денари

Pozari.jpg

Владата има план да ангажира околу 400 невработени лица кои ќе помагаат во справување со пожарите.

Според владината портпаролка Марија Митева, програмата се спроведува за првпат и ќе значи проактивен пристап кон зачувување на природата.


„Мерката предвидува вклучување на 400 невработени лица, кои ќе бидат ангажирани во јавни работи со фокус на создавање на противпожарни појаси и други активности за спречување и намалување на ризикот од пожари. Сакам да потенцирам дека секој ангажиран учесник ќе добива месечна финансиска поддршка од 24.000 денари. Исто така, важно е да нагласиме дека сите оние кои ќе покажат одобен интерес, посветеност и висока подготвеност по завршување на оваа мерка ќе бидат трајно ангажирани преку нивно вработување во институциите кои се надлежни за оваа работа“ рече таа денеска.

Со мерката се опфатени 14 општини кои имаат територијални противпожарни единици. Струмица и Кочани не поднеле апликација.

Зборови на охрабрување до идните пожарникари упати и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Ги повикувам сите граѓани, особено помладите, оние коишто немаат работа, бараат работа и оние шкоишто бараат работа со малку поголем предизвик, … да се пријават на огласите коишто ќе бидат распишани од страна на општините. Во Скопје, лицата коишто ќе се пријават на огласите на Општина кисела Вода, очекуваме бројката да биде од 80 до 100, ќе бидат распоредени во тимовите на единицата за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување, истите ќе поминат кратка обука, а потоа од најдобрите од нив ќе гледаме да одбереме луѓе за новата единица којашто е во тек на формирање односно, специјална единица за заштита и спасување“, рече Ангелов.

Тој вели дека сумата можеби не е примамлива, но вели сите што ќе покажат добар успех, ќе имаат можност за трајно вработување во локалните противпижарни единици.

Новите кандидати ќе бидат дополнително проверувани, здравствено и психофизички. 

Можете да прочитате

Силен пожар го обви Скопје во чад и неподнослива миризба во повеќе населби

Полициските хеликоптери исфрлија повеќе од 70 тони вода во околината на Блаце

Експлозии на две буриња со хемикалии: Пожар во и надвор од кругот на фабриката за оружје и муниција во Самоков