Утрински Весник
Македонија

Екстремно топло време до вторник, потоа драстичен пад на температурите

Toploten bran preporaki07.07.2015 625x417 1.jpg

До вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40 степени. Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура, а в среда, претежно во северните делови од земјава, ќе има локален дожд.

Според прогнозата на Управата за хидтрометеоролошки работи, максималната температура во четврток и петок ќе достигне 32 односно 33 степени.


За денес попладне и во вечерните часови УХМР најавува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Локална појава на нестабилност ќе има и во првите два дена од следната седмица, кога ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец, соопшти УХМР.

Можете да прочитате

Мајка на загинато момче од „Пулс“ го обвини сведокот за лажен исказ

Две лица осомничени за злоупотреба на лични податоци и финансиска измама

Средба на министерот Муцунски со Македонци кои живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати