Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: На талибански начин се брише македонскиот јазик и идентитет од Извештајот на ЕУ

Mickoski pres .jpg

Откако утринава бугарскиот европратеник Андреј Ковачев објави дека е постигнат согласност меѓу најголемите европски партии воопшто да не се споменува македонски јазик и идентитет во Извештајот за напредокот на земјава во ЕУ, реагираше и премиерот Христијан Мицкоски.

-За нас е поеднакво лошо и тоа што се брише македонски јазик и идентитет, исто како и да стоеше „модерен“. Буквално е подеднакво лошо, но важно е да се напомене малиот чекор кога помина на Комитетот за надворешни работи во ЕП. Тоа ќе остане во колективната меморија дека за првпат помина македонски јазик и идентитет во Брисел и седиштето на европската демократија. Уште еднаш се покажа и докажа дека на јавна сцена не е само стотина Бугари во Уставот туку е многу подлабоко. Сите тие што манипулираа во минатото и убедуваа дека „само да го смениме Уставот и сите проблеми ќе бидат решени“, треба да излезат пред македонските граѓани и вистинските добронамерници надвор од земјава и да им се извинат. Оние егзибиции кои седум години се случуваа тука, не доведоа до ваква ситуација. Има еден збор – на талибански начин се брише македонскиот јазик и идентитет од Извештајот од Европа. Тоа дочекавме како народ во 21 век. Тоа ни го направија Бујар Османи, Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ и останатите…, кажа претседателот на Владата на прес-конференција


Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна