Утрински Весник
Македонија

(Видео) Нов гаф на Давкова: Марко Рубио го помеша со Џи Деј Венс и го нарече Диџеј Венс

Foto1.jpg
Dik 300x250 mk

Гордана Сиљановска-Давкова, претседателката на Македонија ја предводи државанат делегација на Самитот НАТО во Хаг.

Таа заедно со министерот Тимчо Муцунски имале кусо поздравување со американскиот претседател Доналд Трамп, но во извјава за медиумите направи нови гаф и ги помеша државниот секретар на САД Марко Рубио со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого дополнително, го нарече потпретседателот Диџеј Венс.


Венс не присуствуваше на Самитот на НАТО во Хаг, а Трамп е придружуван од Рубио.

Давкова во изјвата додаде и дека потпретседателот на САД се познава со министерот Муцунски, а најави дека е можно Венс да ја посети Македонија. 

„Јас му кажав дека сум македонска претседателка, и тој имаше интересна реакција, зборувам за говорот на телото. Му реков дека е најважно да се сочува мирот“, рече Сиљановска-Давкова, додавајќи дека направила паралела помеѓу Трамп и Џон Кенеди.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!