Утрински Весник
Свет

Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата

Tramp epa.jpg

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека никој не треба да ги зголемува цените на нафтата и нагласи дека ја следи ситуацијата, а апелираше и до Министерството за енергетика на САД да продолжи со потрагата по сопствени нафтени ресурси.

-Сите, држете ги цените на нафтата ниски. Ве гледам! Не сфаќате дека она што го правите е во корист на непријателот. Не го правете тоа, напиша Трамп на мрежата Truth Social.


Во својата порака за цените на нафтата, Трамп ја изрази својата желба овие цени да не се зголемат, поради стравувањата дека тековниот конфликт на Блискиот Исток може да предизвика нивно зголемување.

Можете да прочитате

Жена загина, а две лица се повредени во напад во училиште во Полска, уапсен е 15-годишен ученик

ФБИ уапси тинејџер кој планирал масовен напад во трговски центар во Минесота

СЗО: Нема целосна слика за случајот со можна смрт од чума во Русија