Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

Vmro.webp.webp

СДС и Филипче продолжуваат да работат во интерес на нивниот вистински лидер Заев, откако кандидати за градоначалници станаа децата на Заев, кои во негово време беа трет и четврт ешалон во партијата. СДС и Филипче слепо го слушаат нивниот ментор и сè уште тој им ја води партијата и си става луѓе на позиции кои него му одговараат за да има контрола врз нив, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со овие кандидати за градоначалници, Заев покажува дека СДС и Филипче ги спроведуваат неговите политики, а тоа се неспособност, предавство и криминал. Овие луѓе кои се најдоа како кандидати на СДС, во своите општини, ниту се познати, ниту имаа некаков авторитет, ама затоа му слугуваат на Заев и работат за него. Оние коишто беа градоначалници до сега, и сега повторно се предложени, сите знаеме дека во тие општини нема никаков просперитет, туку општините се уназадени, упропастени и уништени. Такви луѓе СДС става за кандидати за градоначалници, се наведува во партиското соопштение.


Ликови кои тепаат административни службеници, луѓе кои се познати по скандали поврзани со криминал и корупција, луѓе кои одат по стапките на Заев. Од тие луѓе, градоначалници не бидува.

СДС мора да се реформира. СДС е на чекор на исчезнување, а тоа се гледа и по кандидатите кои губат во своите општини, некаде 3 спрема 1, некаде 4 или 5 спрема 1.

ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари убедлива победа на овие избори“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата