Утрински Весник
Македонија

Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван и во Македонија

Zemjotres Resize 800x420 390277.jpg

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, веднаш после полноќ во 00 часот и 33 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од пограничното епицентралното подрачје со Република Албанија, Јужен дел на Охридско Езеро, на околу 120 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.


Можете да прочитате

Миноски: ДДВ-прагот во Македонија е двојно понизок од регионот – време е за корекција

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“- владата на Мицкоски го потврди она што го говори СДСМ 

Над 600 прекршоци констатирани на првиот ден со ,,Безбеден град”