Утрински Весник
Македонија

На неодредено одложено доаѓањето на експертите од Израел за пациентите во Кочани

Diskoteka Puls Pozar Kocani 22.jpg
Dik 300x250 mk

Дека ссветот е глобално село, покажува и нашата домашна трагедија, пожарот во Кочани, каде повеќе од 200 луѓе беа повредени, а 62 починаа. Повеќе земји прифатија пациенти во првите часови по трагедијата, а подоцна дојдоа и експерти од неколку земји за да помогнат и да обучат македонски тимови за понатамошно долгорочно третирање на пациентите. Меѓу нив беа и оние од Израел, но нивни колеги кои биле поканети од македонските здравствени власти, да дојдат и да помогнат во третманот во оваа фаза од лекувањето, сега се спречени поради нападите меѓу Израел и Иран, па небото над Израел е затоврено и не полетуваат авиони.

„Во следниот период планиравме, односно веќе поканивме експерти од Израел, но заради настанатата состојба, тоа ќе се одложи на неодредено, бидејќи нема полетувања од израелските аеродроми. Меѓутоа, тоа не значи дека не работиме на други опции. Очекуваме во следниот период да дојде експерт од Словенија, експерт за ампутации, за да се погледнат опциите за третман на повреденит екои имаат ампутации на прсти“, рече директорот зна ФЗОМ Сашо Клековски.


Можете да прочитате

Молотов коктел фрлен во двор во Кичево

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Обилни врнежи и можно локално невреме

Хорор во Дебарско: Киднапирана жена однесена во Струга и брутално силувана