Утрински Весник
Македонија

Зголемена стапката на морталитет, порано умираат мажите од жените

People.webp.webp

Бројот на умрени лица во земјава минатата година бележи раст од 0,1 процент. Повеќе умираат мажите и тоа во просек за 4,9 години порано од жените, а во над една третина од случаите причина за смртта се болести на циркулаторниот систем, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2 010, се регистрирани во јануари, а најмалку, 1 518, во април.


Од вкупно починати 20 201, поголем број 10 604 или 52,5 проценти се мажи, наспроти 9 597 или 47,5 отсто жени.

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.9 години, односно 76.8 години кај лицата од женски пол или за 4.9 години е повисока просечната возраст кај жените.

Умрени доенчиња се 47, а нивното учество е 0.2 % на 100 умрени лица.

Според Меѓународната класификација на болестите најголемо учество во вкупно умрените лица имаат умрените од болести на циркулаторниот систем со 36.7 %, потоа неоплазмите со 19.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести со 7.7 %, болестите на респираторниот систем се застапени со 4.1 % и следат останатите, но со помала застапеност.

Можете да прочитате

Државните возила ќе добијат таблички во боја до септември

Николоски најави ослободување од визи за Велика Британија за три категории граѓани

На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час