Утрински Весник
Македонија

АХВ: Не сме надлежни за постапување при заштита на здравje при работа и издавање HACCP елаборати

Ahv.jpg

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку соопштение информира дека не се надлежни да постапуваат за прашањата кои беа наведени во прес-конференцијата на в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, а во која тој побара одговорност за издавањето дозволи за работа на угостителските објекти.

„Агенцијата за храна и ветеринарство е надлежен орган за контрола на безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните. По однос на прашања кои се однесуваат на заштита и здравје при работа, АХВ нема надлежност за постапување, како што нема надлежност ниту во делот на издавање елаборати за HACCP, ниту е надлежна за приклучување на електричната мрежа. Основно е операторите да се регистрираат како оператори со храна во АХВ за што, освен пополнетото барање за регистрација на објектите и операторите со храна од неживотинско потекло, потребно е да го достават и решението за упис во Централен регистар, доказ за право на користење на објектот – имотен лист, купопродажен договор, договор за закуп и слично, и доказ за платена административна такса. Кај дискотеките се регистрира само шанк каде се служат пијалаци“, се истакнува во известувањето од АХВ.


Според Агенцијата, инспекциски надзори кај операторите со храна се вршат како редовни, согласно Годишниот план за вршење инспекциски контроли, и вонредни – по издаден работен налог или по поднесена претставка, односно иницијатива.

Можете да прочитате

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

Минчев од седиштето на ReSPA: Регионалната соработка е двигател на европските реформи