Утрински Весник
Македонија

Паркингот на Клинички не е ни мапиран, новиот министер бара решение

Klinicki.webp.webp

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека паркингот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ не е ни мапиран и дека тоа е првиот проблем со кој се зафатил откако стапил на функција пред шест дена.

„Ќе почнеме со анализа – колку паркинг места има, колку ги користат пациенти и вработени, и потоа ќе понудиме краткорочно решение. Долгорочното ќе зависи од иднината на самиот Клинички“, рече Алиу.


Проблемот со паркингот се актуелизираше откако поранешниот министер Арбен Таравари најави дека нема да се реализира договор со фирмата „Ѓока констракшн“ од Албанија, која требаше 20 години да стопанисува со паркингот преку јавно-приватно партнерство.

Премиерот Мицкоски тогаш изјави дека договор не е склучен и оти јавноста ќе има последен збор дали ваквиот модел ќе се реализира.

Можете да прочитате

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

СДСМ: Бојан Стојановски нека гласа за минимална плата од 500 евра, наместо да шири лаги за Филипче

ЦУК информира за 12 регистрирани пожари на отворен простор, од кои четири се активни