Утрински Весник
Свет

Русија: Северна Кореја испраќа 6.000 војници за обнова на Курск

20250617144314 big 730x400 71.webp.webp

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја во понеделникот соопшти дека распоредувањето на севернокорејски трупи во Русија е јасно кршење на санкциите на ОН и повика на итен прекин на таквата соработка меѓу двете земји.

Северна Кореја ќе испрати 5.000 воени градежни работници и 1.000 деминери во регионот Курск за да помогнат во обновата по украинската инвазија, изјави шефот за безбедност на рускиот претседател Сергеј Шојгу по состанокот со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун што се одржа вчера.


На состанокот беа разгледани и планови за одбележување на „херојските подвизи“ на севернокорејските војници во операциите во регионот Курск, дел од Русија кој беше нападнат од украинските сили минатата година, соопшти претходно севернокорејската телевизија КЦНА.

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја во понеделникот соопшти дека распоредувањето на севернокорејски трупи во Русија е јасно кршење на санкциите на ОН и повика на итен прекин на таквата соработка меѓу двете земји.

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе-Мјунг, и јапонскиот премиер Шигеру Ишиба, се согласија за понатамошна соработка во врска со Северна Кореја на самитот на Г7 во Канада, соопштија Ишиба и претседателската канцеларија на Јужна Кореја.

Истрагата на Ројтерс откри дека Северна Кореја ѝ снабдила на Русија милиони артилериски гранати и илјадници војници за борбите во Украина.

Ким ја изрази својата „безусловна поддршка“ на Русија, и покрај загриженоста на јужнокорејските и западните претставници дека Северна Кореја можеби добива напредна воена технологија, како и економска помош од Москва.

Можете да прочитате

Иран и Израел продолжуваат со меѓусебни воздушни напади

Захарова: Блиску сме до нуклеарна катастрофа

Трамп: Можеби ќе го нападнам Иран, можеби не