Утрински Весник
Македонија

Џабир Дерала: Сакаат да ме замолчат, јас сè уште зборувам

Deralla xhabir by b. jordanovska 1 600x375 1.jpeg

Повеќе од две години бев предмет на политички мотивиран судски процес, покренат од Христијан Мицкоски – тогашен лидер на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, а сега премиер на Република Северна Македонија. Тужбата се однесуваше на текст што беше преземен од други медиуми. Судскиот процес го водеше лично неговиот близок соработник и денешен министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Ова не е изолиран случај. И не е единствен. Стратегијата е иста – да се замолчи критичката мисла преку институционален прогон.


Уште пред да ја поднесе тужбата, Мицкоски ме нападна на социјалните мрежи со клевети и навреди, што предизвикаа говор на омраза и закани со ликвидација. Со тие напади го наруши не само мојот углед и угледот на редакциите во кои работам, туку директно ја загрози и мојата безбедност.

Овие постапки – и во јавниот простор и преку институциите – се директен удар врз слободата на медиумите, слободата на изразување и правото на критика во едно демократско општество. Злоупотребата на институциите за замолчување на новинарите и активистите е белег на авторитаризам, а не на демократија.

И покрај политичкиот притисок и обидите за заплашување преку исцрпувачки судски процес, останувам цврсто посветен на вистината, транспарентноста и демократските вредности. Овој случај не е само против мене лично – тој е напад врз секој што има храброст да ѝ се спротивстави на неправдата и да ја критикува власта.

Ги повикувам меѓународната заедница, домашните институции и сите бранители на демократијата да бидат будни и гласни против ваквите злоупотреби на моќта. Замолчувањето на критичките гласови само ја продлабочува кризата на демократијата.Мојата решеност да ја бранам слободата на изразување, човековите права и демократските вредности е посилна од кога било.

Како можете да помогнете?

Споделете ја оваа изјава. Започнете дискусија. Напишете или кажете што мислите за мојот и сите други случаи на неправда и политички притисок врз новинари, интелектуалци и активисти.

Зборувајте гласно

Можете да прочитате

Пристигнаа првите евакуирани Македонци од Израел (фото)

Од Кочани до Хераклеја: Раните се уште крварат, но Владата весело слави

Филипче до Мицкоски: Пет години сте на власт – доста беше лаги, народот гледа