Утрински Весник
Македонија

Црвен крст ја изврши последната исплата на финансиска поддршка за настраданите во Кочани

Crven krst.webp.webp

Во рамките на апелот на Црвениот крст на РМ за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани во периодот од 16.03.2025 до 16.06.2025, вкупно се собрани 153.931.166,00 денари. Црвениот крст на РМ во неколку наврати изврши исплата на настрадани од пожарот во Кочани, информираат од Црвениот крст на Република Македонија.

Со последниот денешен трансфер на 17.06.2025 година исплатени се средства на 156 лица, поделени во 5 категории, врз основа на направената проценка за степенот на повреди и прогнозата за нивното натамошно лекување, од страна на работната група на Министерството за здравство во вкупен износ од 39.750.000,00 денари.


Во престојните денови ќе се изврши трансфер на средства и на уште 11 лица за кои треба да се обезбедат потребни документи, односно изјави и согласност за користење на личните податоци, со оглед на тоа дека истите не се опфатени со досегашните исплати.

Вкупниот досегашен трансфер на средства на настраданите, заклучно со 17.06.2025 година изнесува 147.199.101,00 денари.

Црвениот крст уште еднаш се заблагодарува на сите досегашни донатори што придонесоа и сеуште придонесуваат за мобилизирање на хуманитарна поддршка за настраданите и нивните семејства. Остануваме и понатаму посветени во мобилизирањето на хуманитарна помош која ќе биде во функција на поддршка за настраданите од големиот пожар.

Црвениот крст продолжува со своите активности на терен со акцент на обезбедување на психолошка поддршка во обид да дадеме скромен придонес во надминување на последиците од катастрофалниот настан. Црвениот крст на РМ наскоро отвара Регионален центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка во градот Кочани кој со своите активности ќе ги покрива потребите на населението во источниот дел на Македонија.

Можете да прочитате

Пристигнаа првите евакуирани Македонци од Израел (фото)

Од Кочани до Хераклеја: Раните се уште крварат, но Владата весело слави

Филипче до Мицкоски: Пет години сте на власт – доста беше лаги, народот гледа